Свет

Ердоган: Состанок дури кога Мицотакис ќе се прибере 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кажа дека состанок со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис не е возможен додека тој не се „прибере“, пренесува Ројтерс.

„Нека се прибере. Сè додека не се прибере, не е можно да се сретнеме“, кажа Ердоган по враќањето од самитот на НАТО во Мадрид, во момент кога се обновени тензиите меѓу двата соседи и сојузници од НАТО.

Грција и Турција долго се во судир околу низа прашања како поморската граница, правата за истражување и експлоатација на енергенсите во Егејското Море, воздушниот простор, мигрантите и етнички поделениот Кипар.

Тензиите повторно експлодираа во мај кога Ердоган кажа дека грчкиот премиер „повеќе не постои“ за него, обвинувајќи го дека се обидува да ја блокира продажбата на борбени авиони Ф-16 на Турција при посетата на САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons