Еден од најголемите босански фудбалери стави крај на кариерата
Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, ги обеси копачките, потврди дека завршува со професионалниот фудбал.
Во изјава за „Тутоспорт“, Пјаниќ кажа дека неговата одлука е конечна, сега ќе се фокусира на семејството.
„Повеќе нема да играм фудбал, ја завршив кариерата. Живеам во Дубаи, повеќе не сум активен играч и мојот главен приоритет сега е мојот син“, изјави Пјаниќ.
Последен ангажман имаше во ЦСКА Москва, период кој не помина според очекувањата, за разлика од богатата и успешна кариера што ја изгради претходно. Во текот на својата кариера настапуваше за Мец, Олимпик Лион, Рома и Јувентус со кој освои 4 титули во Серија А, а беше дел и од Барселона, Бешикташ и Шарџа.
За репрезентацијата на Босна и Херцеговина одигра 115 натпревари и постигна 17 голови, оставајќи длабока трага во националниот тим.



