ДУИ изгуби еден пратеник, Вреди му го зема
ДУИ изгуби еден пратеник, а коалицијата Вреди го доби во шестата изборна единица, покажуваат неофицијалните резултати.
ВМРО-ДПМНЕ не доби пратеник плус. Состојбата со пратениците во ДУИ во петатта изборна единица нема да се смени.
За потсетување денеска, имаше прегласување на шест изборни места во петатта изборна единица, а на едно избирачко место во шестата изборна единица. Во 21 часот Државната изборна комисија ќе има прес-конференција на која ќе извести за официјалните информации од денешното прегласување во 5-та и 6-тата изборна единица.