Свет

„Дојче бан“ платил 197 милиони евра обесштетување за задоцнети возови во 2024 година во Германија 

Германскиот железнички оператор „Дојче бан“ во 2024 година платил речиси 197 милиони евра, како компензација за доцнење и откажување на возови во 2024 година, објави компанијата. 

Во текот на годината биле поднесени околу 6,9 милиони барања. За споредба, во 2023 година биле поднесени 5,6 милиони, а бил платен надомест од 132,8 милиони евра. 

„Ако возот доцни, нашите патници имаат право на компензација, и ние го плаќаме без спор“, велат од „Дојче Бан“. 

Според компанијата, 80% од доцнењата се поради преоптоварена инфраструктура. Над една третина од возовите доцнеле повеќе од шест минути. Ова е најлошиот индикатор за точност на германската железничка мрежа во последните две децении.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons