Дојранското езеро е крајно загадено – квалитетот на водата е во најлошата, петта класа
Водата на Дојранското езеро го достигна највисокото скалило по загаденост и се наоѓа во класа 5, покажале истражувањата на екологистите, кои бараат локалните и државните власти да преземат мерки, пренесува Канал 5.
Според микробиолошките анализи, причината за големата загаденост е феноменот познат како на цветање на алгите, кој е последица на лошото менаџирање на слатките води кои што се слеваат во езерото. Решението, според екологистите, е изградба на нова пречистителна станица, бидејќи старата е дотраена и не го постигнува потребниот ефект.
Водата класифицирана во Класа 5 е силно еутрофична (штетна поради превисокото присуство на азот и фосфор), или загадена со микроорганизми, па не смее да се употребува во природна состојба без претходна обработка.