Димитриевски ја сочува мрежата, важни три бода за Валенсија
Столе Димитриевски одигра уште еден одличен меч за Валенсија и даде допринос во гостински триумф од 2-0 кај локалниот ривал Леванте.
Три многу важни бода за Валенсија против еден од конкурентите во битката за опстанок.
Македонскиот голма, Столе Димитриевски ја чуваше мрежата на Валенсија на овој меч и успеа да ја сочува, мечот го заврши без примен гол.
Рамазани во 64. минута постигна гол за водство на Валенсија од 1-0, а конечните 2-0 ги постави Садик на шест минути пред крајот.



