Македонија

ДЗС: Просечната нето-плата за 9% повисока од минатата година

Просечната нето-плата во Македонија во октомври изнесува 45.943 денари, што претставува раст од девет проценти во однос на истиот месец лани. Најизразено зголемување е регистрирано во здравствената и социјалната заштита, каде платите се повисоки за 13,3 проценти.

Веднаш зад нив се административните и помошните услужни дејности со раст од 13,2 проценти, како и секторот за недвижен имот со зголемување од 10,9 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, на месечно ниво најголем раст на платите е забележан кај дејностите поврзани со недвижен имот, информациите и комуникациите и административните услуги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons