МакедонијаНајново

Ден на жалост во Србија, Бугарија, Црна Гора и БиХ поради трагедијата во Кочани 

Денеска е ден на жалост во неколку земји од регионот. Србија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина го прогласија денешниот ден 18. март за ден на жалост по повод трагедијата во Кочани пред два дена.

Владите на овие земји донесоа одлуки за проласување на ден на жалост како сочувство за невидената трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани утрото на 16-ти март пред 3 часот, по што загинаа најмалку 59 лица. 

Низ македонските амбасади во светот се отворени книги на жалост. Отворени се книги на жалост и во Собранието и во Министерството за надворешни работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons