Магазин

Денеска е Свети Илија – голем празник меѓу македонскиот народ 

Според пишувањата во светото писмо, пред крајот на светот Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот. Во сабота се слави големиот пророк свети Илија.

Со оглед на тоа што кај нас 2-ри август многу повеќе се поврзува со денот кога се одбележува годишнина од Илинденското востание, често во втор план се става и христијанското значење на денот.

На овој ден освен што се прославува македонската револуционерна борба, истовремено се слави и православниот празник Свети Илија, кој има големо значење за Македонците и православните христијани.

На 2-ри август се слави празникот посветен на светиот Пророк Илија кој во народните верувања се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот.

Често се нарекува и Свети Илија Громовник, затоа што според традиционалните верувања, тој управува со грмотевиците.

Се верува дека свети Илија бил еврејски пророк кој живеел цели девет века пред Христа.

Кога се родил Илија, неговиот татко Савах видел ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова било предзнак за неговиот огнен карактер.реклама

Целата младост ја минал во тишина и често се повлекувал во пустината за да се моли.

Според Библијата, Илија имал судир со израелскиот цар Ахав и неговата изопачена жена Језавела, зошто тие им се поклонувале на идолите и го одвраќале народот да му се поклонува на Бог.

Со големи чуда Илија ја покажа силата и власта Божја: го затвори небото, па немаше дожд три години и шест месеци; спушти оган од небото и му запали жртва на својот Бог; со својата наметка го пресече Јордан; и најпосле беше земен на небото во огнени кочии со огнени коњи.

Според пишувањата во светото писм, пред крајот на светот Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот.

На овој голем празник именден слават: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо, Илин…

Во нашата традиција останало верувањето дека не треба ништо да се работи и денот да се помине во тишина и во молитва, затоа што ако се работи на отворено, Свети Илија може да те казни со грмотевица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons