МакедонијаНајново

„ЗНАМ“ е името на партијата на Максим Димитриевски

На македонската политичка сцена никнува уште еден субјект – Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија”, на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Промоцијата е закажана за утревечер во 20 часот во хотел Холидеј Ин во Скопје. Актуелниот кумановски градоначалник и идеен творец на граѓанското движење, ги покани поддржувачите, пријателите и граѓаните да се придружат на граѓанската иницијатива и да присуствуваат на настанот.

Димитриевски информираше дека сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во креирање на еден нов субјект кој што има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните.

„Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ!” повика Димитриевски.

На настанот се предвидени обраќања на говорници, како и потпишување на Иницијативата од страна на претставници на сите 10 граѓански здруженија од Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons