Актуелно

Дарко Митровиќ го фати светиот крст во осветените води на реката Вардар во Скопје

Дарко Митровиќ (24) годинава го фати светиот крст, кој беше положен во осветените води на реката Вардар.

На положувањето на Чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, по претходно одржаната света литургија.

За вадењето на крстот од водите на Вардар беа пријавени околу 160 граѓани, меѓу кои и едно девојче.

Традиционалното осветување на водите и чинот на положување на Чесниот крст и годинава беше организирано од Скопската православна епархија при МПЦ-ОА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons