Грција сепак го забрани Центарот за македонски јазик во Лерин
Апелацискиот суд во Кожани, Грција, реши да ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик. Пресудата на 68 страници е изречена на 13 август. Претходно судот во Лерин (март 2023) ја потврди законитоста на регистрацијата на оваа невладина организација. Ова тогаш се протолкува како признавање на македонскиот јазик од Грција и доследно почитување на одредбите од Преспанскиот договор. После 16 месеци дојде демантот од Кожани.