Гоцевски: Градоначалникот на Делчево набавил противпожарно возило за над 240 000 денари поскапо од исто такво возило набавено од Градоначалник на Општина Штип, Јорданов?! (ВИДЕО)
Почитувани сограѓани, конечно Горан Трајковски се разбуди од зимскиот сон и се прибра во својот градоначалнички кабинет после прошетките по познатите европски центри.
Добро е што после две и пол години прозивки за низа нерегуларности на градоначалникот, Делчевчани конечно можат да се потсетат кој уште малку ќе им ја крои локалната политика во Делчево.
Горане Трајковски, очигледно е дека како градоначалник не правиш разлика меѓу РАСХОДУВАНА ОПРЕМА стара над 10-тина години и нова која ветуваше дека ќе ја набавиш за делчевските пожарникари,
кои како солидарен фонд треба секојдневно да импровизираат за да комплетираат функционална опрема без никакви гаранции за нејзина стандардизација со опасност по нивните животи.
Кога сакаш да зборуваш за минатото за да ја дефокусираш јавноста од сегашниот хаос во кој е пропадната општина Делчево и сите локални институции, одговори како новото противпожарно возило што го набави во 2021та година чини за над 4 илјади евра поскапо од исто такво возило набавено од вашиот колега Градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов?!
Еве ти го Горане и доказот на овој искажан став од Претседателот и од ОК на ВМРО-ДПМНЕ овде во Делчево.
Дали некој сносеше одговорност што центрифугалната пумпа на ова ново возило беше хаварисана и нефункционална кога беше најпотребно за време на огромните поплави, чии што штети до ден денес не се санирани? Дали знаеш кој во тоа време беше поставен како Командир на ТППЕ Делчево и од кого? Дали ти е потребен уште еден факт, Горане!
Нервозата и зголемениот тон кога спомнуваш исплата на плати за пожарникарите, не им вршат работа на пожарникарите кои се уште не си ги добиле платите и надоместоците кои им следуваат законски, кои и покрај пресудите на судот се уште продолжуваат да бидат пожарникари од втор ред.
Еве ти уште еден факт додека велиш дека Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево-Иван Гоцевски, лаже. Судска предуда добиена против тужената Општина Делчево со која ти неспособно раководиш заведена со број 141/2022 која е јавно објавена на страната Основниот суд од Делчево.
Кога велиш дека претходните градоначалници НИШТО не направиле за пожарникарите прошетај кога не си за Швајцарија, Австрија или Германија во својство на делчевскиот Евлија Челебија, да ги видиш просториите на ТППЕ Делчево, кои последен пат беа реконструирани во 2012та и 2013та година, за да се увериш дека истите повторно треба да се подноват, за пристоен целодневен престој во нив на пожарникарите кои тоа го заслужуваат.
Господине Трајковски неспособноста да ги менаџираш локалните институции не ти дава за право да коментираш политики на централната власт, туку зафати се со суштинска работа таму каде што имаш надлежност и обезбеди плата на луѓето кои тоа го очекуваат од тебе.
И во интерес на времето нема да зборуваме овој пат за селективноста која ја вршите кај пожарникарите на “ваши” и “наши”, ќе оставиме институциите да се занимаваат со дискриминацијата, доведувањето на дел од вработените во подредена положба и законот за злоупотребата на службена положба.
И за крај господине Градоначалник Трајковски, кога го спомнувате зборот лаже, дозволете ми да ве советувам иако сум релативно помлад, најпрвин да ја намалите нервозата, не ги слушајте сите околу вашата канцеларија кои со шерување по социјалните мрежи сакаат да ве втурнат во надолницата која за вас набрзо ќе заврши а тие ќе останат како ваши поранешни послушници кои веќе се амнестират некаде на друго место.
OИ ве замолувам доколку имате храброст за ваша наредна прес-конференција барем тргнете го од позадината Гоце Делчев, навистина не го заслужува ова понижување.
Видео на линкот:
https://www.facebook.com/share/v/1Yan9qHDzT/?mibextid=wwXIfr