Голем пожар во скопски Карпош – го гасат и со авион
Голем пожар беснее во скопски Карпош 4 во близина на старата зграда на Македонската Телевизија.
Според очевидци гори магацин во кој е складирана пластика која се користи во градежништвото.
Пожарот претставува опасност за блиската зграда поради што покрај пожарникарите интервенираше и авион Ер Трактор кој исфрли вода врз огнот.
До овој момент нема информации за повредени