Голема беше македонската поддршка за Лина Ѓорческа во Мелбурн
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја победи Синја Краус (2-0) и се пласира во второто коло од квалификациите за Австралија Опен.
Мечот се одигра на еден од помошните терени на комплексот во Мелбурн, а на трибините доминираше македонската публика. Бројната дијаспора ја испочитува тетовчанката и ѝ даде голема поддршка за време на мечот.
На трибините имаше многу македонски знамиња, а се извикуваше и скандираше „Македонија, Македонија“.



