„Гинеше со мене кога беше најтешко“ – Газдата на скопскиот фаст фуд Baking Bread му подари автомобил на својот вработен
Мише, газдата на познатиот фаст фуд ланец Baking Bread од Скопје, со несекојдневен и емотивен потег покажа што значи вистинска благодарност и лојалност кон своите луѓе.
Имено, тој му подари нов автомобил на својот долгогодишен вработен Антони, кој е дел од сендвичарата од нејзините сами почетоци.
„Антони беше со мене кога немав ништо. Работевме по цели денови, без сигурност дека ќе опстанеме. Денес, кога стоиме позади нешто големо, сакав да му се заблагодарам на начин што ќе го памети,“ изјави Мише.
Жестоката посветеност и меѓусебната доверба меѓу газдата и тимот, според многумина, се тајната формула за успехот на Baking Bread – бренд кој за кратко време стана едно од најпознатите места за фаст фуд во Скопје.
Потегот предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи, каде што многумина го пофалија Мише за човечноста и за примерот што го дава на другите работодавци.
„Ова не е само подарок – ова е порака дека вреди да се биде лојален, чесен и посветен,“ напиша еден од следачите.



