Вучиќ до Подгорица и Приштина: Какви воздухопловни сили се, требаше да купиме спреј против комарци
Хрватска, Црна Гора и Косово реагираа на вооружувањето на Србија, а на ова одговори српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој тврди дека никого Србија не загрозува, пренесува N1.
„Не се способни да кажат како ги загрозуваме со одбранбено оружје. Бидејќи тоа е систем кој служи за одбрана од крстосувачки ракети и авиони кои би го нарушиле воздушниот простор на Србија. Како ги загрозуваме Приштина и Подгорица? Какви воздухопловни сили се, требаше да купиме спреј против комарци“, рече тој.
Вучиќ ги критикуваше тврдењата на Курти дека Србија го купила тоа оружје затоа што е во паника дека ќе остане сама.Српскиот претседател признава дека Србија, како воено неутрална земја, е сама во поширокиот регион. Но, има одговор и на ова прашање.
„Јас секогаш би бил волк самотник отколку бесрамна и неморална хиена, без разлика колку хиени има, три, пет, шест или 19… Мора да ѝ се даде заслуга на хиената за крвожедноста, ако ништо друго“, рече Вучиќ.
Тој вели дека косовскиот премиер Албин Курти и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ имаат многу поголеми проблеми како криминалот, корупцијата и економијата.