Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево
Крушево е домаќин на врвната светска елита во параглајдерството. Се одржува четвртата од петте етапи на светскиот куп во прелети со параглајдер.Од речиси сите земји од светот,132-јца врвни пилоти-параглајдери се натпреваруваат во Крушево и полетуваат од Мечкин Камен.
Според организаторите, Светската параглајдерска федерација, не се памети толку висок квалитет на натпреварувачи на Светскиот куп.
– Моментално во Крушево се врвните 20 светски пилоти во параглајдерство и досега сме немале таков висок квалитет на првенството. Се натпреваруваат во категорија прелет. Во моментов се 132 натпреварувачи од речиси цел свет: од Франција, Македонија, Кореја, Кина, Турција, Норвешка, Италија… Елитата на параглајдерството е во Крушево, вели Иван Луканов, менаџер на Светски куп во параглајдерство.
Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски е здоволен од бројните гости и посетители и од развојот на алтернативниот туризам.
– Деновиве имаше три врвни меѓународни параглајдиг првенства. Сега е во ек Светскиот куп. Ние инвестирасвме во полетувалиштето на Мечкин Камен и уште ќе вложиме за развој на алтернативниот туризам за кој Крушево нуди совршени услови, вели Христоски.
За Џен Темпест од Англија Крушево е мека на светското параглајдерство со совршени услови.
– Крушево е апсолутна мека за параглајдерството. Прекрасна е долината, ги имаме и планините, земја за слетување. Едноставно е прекрсно. Одлично организирано, сигурно за летање, вели Темпест.
Јорк Хишбергер од Австрија ужива кога е во Крушево.
– Од Австрија сум. Ова ми е третпат. Атмосферата е одлична исто и условите за летање. Овде уживам, вели Хишбергер.
Светскиот куп во Параглајдерство во Крушево се одржува од 21 до 27 јули.
Превод: Крушево е апсолутна мека за параглајдерството. Прекрасна е долината, ги имаме и планините, земја за слетување. Едноставно е прекрсно. Одлично организирано, сигурно за летање.
МИА