Македонија

Вработените од Министерството за култура на протест, бараат средба со министерот за финансии

Средба со министерот за финансии Фатмир Бисими побараа денеска вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, за време на едночасовниот протест што се одржа пред Министерството за финансии. Тие на протестот уште еднаш упатија апел за покачување на платите.

Претседателот на синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски изјави дека ќе бидат присутни секој ден во голем број, се до остварување на целта – соодветна валоризација на трудот на вработените во овие институции.

Тие бараат потпишување на колективен договор и зголемување на платите по примерот на Министерството за финансии.

-Со плата од 25 илјади денари која ја земаат во просек 70 проценти од вработените во секторот култура, месецот не може да се преживее. Во петокот министерот за финансии Фатмир Бесими не ги прими нашите претставници и во таа смисла, сакаме да порачаме дека нема да се откажеме, ќе бидеме присутни секој ден и во голем број, рече Костовски.

Тој нагласи дека постоечкиот општ колективен договор не го ограничува правото и сега да се склучи поединечен договор на ниво на работодавец.

-Затоа, останува нејасно, зошто ние добиваме негативно мислење за потпишување на колективен договор, а Министерството за финансии побрза да го реши проблемот на своите вработени дури и со Закон? Бараме од Владата да не дозволи нерамноправен третман на вработените во јавниот сектор. Очекуваме министерот Бисими денеска да не прими и да не се оглушува на нашите барања. Ако имиџот на една држава се гради и преку културата, бараме да не дозволите недостоинствен третман токму на луѓето кои ги администрираат сите потреби кои произлегуваат од остварувањето на културата во нашата држава, додаде Костовски на денешниот протест.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons