Во с.Истибања во канал за наводнување од река Брегалница, било пронајдено безживотното тело на 27 годишник
Вчера во с.Истибања, виничко, кај место викано „Шилковица“, во канал за наводнување од река Брегалница, во 18.13 часот било пронајдено безживотното тело на Ј.Ѓ.(27) од виничко, соопштува МВР во денешниот билтен.
За него претходната вечер било пријавено дека се оддалечил од домот. Телото било извлечено од страна на Територијалната противпожарна единица Виница, а лекар од Итната медицинска помош Виница констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.