Македонија

Во Избирачки список во Центар Жупа 7.154 лица со право на глас или 77 повеќе од изборите во април 

Во единствениот Избирачки список за општина Центар Жупа, каде на 20 месецов ќе се спроведе второ повторено гласање за градоначалник, запишани се 7.154 лица со право на глас.

Споредено со предвремените избори што се одржаа на 15 април во списокот се 77 гласачи повеќе додека пак споредено со редовните локални избори на 17 октомври минатата година има 163 гласачи помалку.

-На гласачкото ливче има само еден кандидат, а тоа е Аријан Ибраим, од Турската демократска партија. Неговата кандидатура беше единствена. За да се избере градоначалник на изборите треба гласат 2.385 лица или 33,33 отсто од вкупно запишаните. Ќе се гласа, како и до сега, на 16 избирачки места, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.

Додаде дека како комисија ги преземаат сите потребни активности за нормален изборен процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons