Возач на Брзата помош од Берово фатен со дрога во болничкото возило
Вчера околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од полициската станица Виница во координација со ПС Берово од слобода е лишен Б.Р. (29) од Берово затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана и ризла.
Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и при преглед кај него е пронајдена дрогата, по што е известен јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој дал насоки тој да биде лишен од слобода, соопштија од полицијата.
По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.