МакедонијаНајновоПолитика

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да реагира со темелна и транспарентна истрага, кој им наредил на АНБ и АР да го следат и прислушуваат претседателот Мицкоски?

ЈО да реагира со темелна и транспарентна истрага и да го расчисти случајот. Неопходно е ЈО да почне да работи и да го расчисти скандалозниот случај со прислушкувањето на функционери од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Мицкоски како и новинари и бизнисмени.

Граѓаните 5 години живееле во заробена држава, каде се прекршувале основните човекови права. 

Пет години претседателот Мицкоски и десетици други, биле предмет на незаконски следења и прислушување од страна на безбедносните служби под контрола на СДС. 

5 години СДС и ДУИ грубо ги прекршувале законите и ги злоупотребувале институциите. 

АНБ и АР биле во служба на политичката мафија, додека ЈО и Љупчо Коцевски дејствувале и работеле во интерес СДС и ДУИ и прикривање на криминалот. 

Неопходно е ЈО да престане да ги штити антидемократските структури на СДС и ДУИ. 

ЈО да започне да работи во интерес на владеење на правото и правдата и враќање на довербата во институциите, во спротивно довербата на народот во правосудството од 2 проценти ќе биде нула. 

Коцевски да започне да работи, бидејќи и самиот е виновен и директно одговорен за минимум довербата во правосудните органи. 

Одговорност мора да има.

ЈО да даде одговор кој стои зад наредбите на АНБ и АР? И кој се е дел од оваа мрежа на незаконско следење?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons