ВМРО-ДПМНЕ: СДС го оставиле Груби да ја пљачка Македонија за да им трае власта, за и тие да продолжат слободно да крадат
СДС се претвори во партија на уценети политичари. СДС му слугуваше на ДУИ и уште му молчат. Исплашени да не прозбори и ги издаде, СДС молчат за Груби.
Скоро два месеци скандалите и криминалите на Груби ја брануваат македонската јавност, само од СДС збор не се кажува за него. Ги нема да се оградат и да го повикаат Груби да се врати во државата и да се соочи со правосудните органи.
Од Груби се откажа и ДУИ, ама СДС од него не се откажува. Низ вода Груби го пушти и САД кои што го ставија на црната листа поради криминал и корумпирање на судии за влијание на судски одлуки.
Ако за криминалите на Артан Груби знаеле САД, новинарите, медиумите и пошироката јавност, не е можно за тоа да не знаеле СДС.
СДС знаеле за криминалот а Груби, но свесно му дозволија да ограбува Македонија преку Лотарија, министерството кое го водеше и од кое на фирмата на брат му доделуваше тендери во вредност од неколку илјади евра.
Дека Груби крадеше од државните институции можеше да се види по тоа што во центарот на градот, на улица Македонија се стекна со ексклузивен дуќан по багателна цена. Како и по скапиот автомобил, која ако не изгореше нема да знаеме дека го има, а јавноста ја убедуваше дека тоа бил на негов другар кој му го дал да го користи.
Но, каков е тој другар кој би отстапил скап и луксузен автомобил на другар, освен ако не е како Прпарим Бајрами, со кого заедно би го делеле пленот од македонските институции.
За ваквото криминално дејствување одговорноста е кај СДС, кои при очи слепи се правеле и му дозволите да ја плачка Македонија, за да останат подолго на власт и да продолжат и тие со нивното крадење.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ