ВМРО-ДПМНЕ: СДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти
СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС05.05.2025
СДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти
Лицемерието на СДС нема крај.
Тие кои ги распродаваа националните интереси, историјата, културата, како и јазикот, сега глумат загриженост.
СДС се тие кои што за време на нивното седум годишно владеење направија се за да го деградираат македонскиот јазик. Потпишуваа понижувачки договори кои ја негираа неговата посебност.
Цела македонска јавност го слушаше Зоран Заев, кој на телевизија, без око да му трепне и без гласот да му затрепери, тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти.
Кога СДС лицемерно изразува грижа за македонскиот јазик, пред да излезат на прес-конференција, само нека се потсетат на периодот на нивното владеење на чело со Заев.
Затоа што тие се тие кои што ги опустошија македонските национални интереси и трајно ги нарушија позициите на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ