ВМРО-ДПМНЕ закажа протест, одреди и датум
ВМРО-ДПМНЕ остана на барање за предвремени парламентарни избори. Тие закажаа протест на 18 јуни, карактеризирајќи го како неопходен. Според нив, само со обединување на граѓаните, ќе има подобар живот.
„Се согласивме од неопходност за организирање на голем народен протест на 18 јуни. ИК одлучи да продолжи активната блокада во Собранието, а ја оставаме отворена вратата за дополнителни чекори. Остануваме со подадена рака за напатениот народ. Молкот не е опција, протест за промени и подобар живот. Основата причина за одлуката е отсуството на било каква подготвеност на премиерот за вообичаен политички дијалог со опозицијата“, рече Тимчо Муцунски.
Тој додаде дека не се исклучува можноста за дополнителни чекори.