Владините возила добија црвени таблички
Службата за општи и заеднички работи на Владата започна постапка за брендирање на сите службени возила во државата. Целта е до 29 септември, односно до почетокот на кампањата за локалните избори, сите возила во сопственост на државата да бидат обележани со специјални регистарски таблици во боја.