МакедонијаНајново

Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите – по 1.000 денари во септември и 1.000 во март 

Владата размислува за линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите. Се прават анализи дали во септември на секоја сметка да се префрлат по 1,000 денари и уште толку во март, или да си остане законското – процентуално усогласување. Пари, веќе се обезбедени, велат од Владата. Но ќе треба да се смени Законот за пензиско и инвалидско осигурување, пред распишување на локалните избори на 8 август. 

Во државата има 344 800 пензионери. За најавеното зголемување од 2,000 денари, годишно ќе бидат потребни дополнителни 135 милиони евра. Согласно законското усогласување пак, според пресметките на Сојузот на пензионери, зголемувањето би било околу 4 отсто. 

Најниските пензии би се зголемиле за 700 денари, а највисоките за 2,500 денари. Просечната –  од 26 илјади денари законски би пораснала за 1,050 денари. Од Сојузот на пензионери велат –  ако повторно усогласувањето на пензиите е линерано, ќе бидат потребни сериозни, темелни реформи на пензискиот систем.

Додаваат дека доставеното барање за линеарно зголемување ќе го разгледаат на Извршниот одбор и ќе дадат свое мислење.  Инаку усогласувањето на пензиите се прави 2 пати годишно, во март и сепември. По 2,500 денари сите пензионери добија во септември и март, со што премиерот го исполни предизборното ветување кое им го даде. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons