Визер доби конкуренција на огласот на субвенционирани летови
Визер, Луфтханза и Ејџиан се трите авиокомпании кои со државни субвенции ќе понудат нови дестинации за патниците. За почести летови и директни линии до поголемите аеродроми, владата одлучи државна помош да им се даде на повеќе компании, а не само на една, како до сега. Од Министерството за транспорт и врски велат дека следната недела ќе се изврши евалуација на доставените понуди, по што ќе се знае дали сите 3 ќе добијат државна помош… На избраните ќе им следува по 7 евра за превезен патник од скопскиот аеродром и 4 и пол од охридскиот. Поддршката ќе ја користат 3 години, за што се издвоени 5 милиони евра, a само за годинава 1,1 милион евра.
– Целта на финансиската поддршка во авиопревозот е поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните на Северна Македонија, велат од министерството.
До сега државна помош, до март лани користеше само Визер. Но поради корона пандемијата и намалениот број патници, голем број летови суспенираше. Веќе не сообраќаат во Финска, Италија, Данска и Барселона. Во моментов од скопскиот аерором услуги нудат 11 авиокомпани до 36 дестинации и 2 од охридскиот до 4 дестинации. Но сите, освен унгарскиот Визер се комерцијални летови.