НајновоСвет

(ВИДЕО) ПОТВРДЕНА СМРТТА НА ТЕРОРИСТОТ ОД БРИСЕЛ Белгиската полиција го застрелала во градите, починал во болница

Белгиските власти потврдиле дека „неутрализираното лице“ е Абдесалем Л.(45), кој е осомничен за синоќешниот напад во Брисел во кој беа убиени двајца шведски навивачи, а еден е ранет.

Белгиската полиција ја потврди смртта на 45-годишниот Абдесалем Л. по потекло од Тунис кој синоќа во терористички напад во Брисел уби двајца шведски навивачи, а рани трет. Тој беше ранет во полициската акција спроведена утрово во населбата Скарбек, бил застрелан во градниот кош и бил пренесен на одделението за интензивна нега.

РТБФ дознава дека терористот починал во 9:30 часот. Медиумот објави дека белгиските власти потврдиле дека „неутрализираното лице“ е Абдесалем Л.(45), кој е осомничен за нападот, а на социјалните мрежи се појавија и првите снимки од акцијата на белгиската полиција утринава.

https://twitter.com/PlanetReportHQ/status/1714169347025862965?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1714169347025862965%7Ctwgr%5Eef0fb6c4b8062dc729135a0366b6077c3e38dfd2%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https://plusinfo.mk/potvrdena-smrtta-na-teroristot-od-brisel-belgiskata-polici-a-go-zastrelala-vo-gradite-pochinal-vo-bolnica/&mibextid=Zxz2cZ

Белгискиот сојузен обвинител претходно изјави дека имаат „цврста претпоставка“ дека лицето застрелано утрово од полицијата е Абдесалем Л., по потекло од Тунис, кој е осомничен за нападот.

Полицијата на местото на претресот во Скарбек пронашла неколку парчиња оружје, а некои наводно биле пронајдени и во блискиот парк.

РТБФ потсетува дека Абдесалем Л. е осомничен дека синоќа околу 19:15 часот во Брисел испукал истрели од огнено оружје, при што убил двајца Швеѓани, а ранил трето лице, исто така од Шведска.

Националниот кризен центар поради тоа, во главниот град на Белгија го подигна нивото на тревога на максималното ниво 4.

Синоќешниот оружен напад се случил на маргините на фудбалскиот натпревар меѓу Белгија и Шведска во Брисел, во рамките на квалификациите за ЕП 2024 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons