Спорт

Вардар по 18 години го освои Купот на Македонија 

Вардар со 2-0 ја победи Струга ТЛ во финалето од Купот на Македонија кое се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, црвено-црните по подолго време кренаа голем трофеј.

Најтрофејниот клуб во Македонија им се врати на трофеите, Вардар првпат по 18 години го освои Купот на Македонија.

Финалето не изобилуваше со шанси, но црвено-црните ги искористија своите што ги создадоа и дојдоа до заслужена победа.

Резултатот беше отворен во 26. минута кога по асистенција од Јанкулов, Михаил Талески помалку среќно постигна гол за водство на Вардар од 1-0. Тоа беше и резултатот по првите 45 минути.

По само четири минути игра во второто полувреме, Вардар ја дуплираше предноста, а стрелец на голот повторно беше Михаил Талевски. Водство на црвено-црните од 2-0.

Главно се играше на средината на теренот, Струга во финишот се обиде да нападне и да се врати во игра, но не успеа.

На крајот Вардар заслужено се радуваше на трофејот од Купот на Македонија кој им носи и место во квалификациите од Конференциската лига.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons