МакедонијаНајново

Бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ ќе се отвори на 7. октомври – ќе биде лоциран во центарот на градот

Пред денот на народното востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор на 7 октомври во Охрид се отвора бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“.

Како специјален гостин на отварањето најавен е бугарскиот бизнисмен и филантроп Милен Врабевски, кој платил да се отвори клубот. За повеќе податоци се обидовме да стапиме во контакт со претседателот на здружението Томе Блажески но не одговори на нашиот телефонски повик. Културниот клуб како што дознаваме ќе биде лоциран во строгиот центар на градот во познатиот Амам на прв кат. Граѓаните сметаат дека станува збор за уште една бугарска провокација.

На најавите за отворање на клуб со името на „Борис Трети“ повторно реагира Еврејската заедница од Македонија. Претседателот Пепо Леви во телефонски разговор за Сител најави дека до обвинителство ќе поднесат кривична пријава против името „Цар Борис Трети“.

Реагираат и од ОМО Илинден и тие сметаат дека името е провокација а отварањето на клубови не е проблем.

– Проблем е што се бараат провокации за да настане конфликт за да може Бугарија да ја правда својата антимакедонска политика. Името покажува дека целта на клубот не е културна, посочуваат од ОМО Илинден.

Градоначалникот на Охрид Пецаков пак, на став дека принципот на делување и агресивното ширење на ваквите клубови не носи ништо добро во односите помеѓу Македониците и оние кои што се чувствуваат како Бугари.

– Вака во време кога се негира се македонско, се условува Македонија од страна на Бугарија за промена во изучувањето на историските учебници, локалитети, личности, настани итн. секако дека не може ништо позитивно да донесе во меѓусебните односи, посочува Пецаков.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons