Бродот кој удри во гребен во Хрватска, денеска потона во морето
На површината на морето лебди црна дамка.
Бродот „Принц од Задар“ денеска потона без да се чека пристигнувањето на надлежните служби кои требаше да ја истражат и утврдат причината за несреќата што се случи синоќа пред островот Премуда во Хрватска.
Тој денеска околу 15 часот од силниот ветер се лизна од карпата во морето каде во петокот вечерта се насука и потона, како Титаник. Дел од бродот вертикално излегувал од водата додека другиот завршил под морето. Бродот наводно потонал на длабочина од околу 50 метри по несреќата која се случила вчера околу 18 часот.
Вака ја заврши својата едрена приказна бродот кој многу им значеше на жителите на најоддалечените острови на Задарскиот архипелаг, кој го превезуваше од 2003 година.
На снимката се гледа црна дамка која лебди на површината, што укажува на можно загадување на морето.
„Скоро тоне, се полни со море и тоне“, се слуша на видеото.