Богдановска освои бронзен медал на Европскиот куп во џудо
Викендов (2-3 август 2025) во Спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје се одржува Европскиот куп за јуниори во џудо.
Престижен меѓународен турнир во организација на Џудо федерацијата на Македонија кој се бодува за светската ранг листа.
Свечено беше отворен Јуниорскиот куп за јуниори „Скопје 2025“ во организација на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФСМ). Отворањето на овој значаен настан го изврши претседателот на ЏФСМ, Владимир Трпаноски, кој ја поздрави присутната публика и учесниците, нагласувајќи ја важноста на овој куп како платформа за развој на младите таленти во џудото.
– Џудото е спорт кој не само што ги тестира физичките способности, туку и го формира карактерот на спортистите. Горд сум што можеме да го организираме ова значајно натпреварување, кое е од клучно значење за Македонија и иднината на македонското џудо – истакна Трпаноски во своето обраќање.
Исто така со огромна гордост ја објавуваме веста дека нашата млада талентирана џудистка Ива Богдановска го освои третото место на престижниот Јуниорски куп Скопје 2025.
Нашата натпреварувачка оствари во категоријата -63 кг. триумфираше над В. Прашчевиќ од Црна Гора, па загуби од Л. Томанкова од Словачка. Во репасажот Богдановска успеа да ги совлада Ф. Марку од Албанија, Ј. Зенгал од Франција и Џ. Ватансевер од Турција.