МакедонијаНајново

Бил криминалец и нарко-дилер – Тошковски потврди дека е уапсен сопругот на жената жртва од Карпош

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, пред малку на прес-конференција соопшти дека трагичниот настан во Карпош се случил по пад од балкон, при што животот го загубија жена и малолетно дете.

Пријавата за настанот била примена од случаен минувач, а на улицата „Теодосиј Гологанов“ веднаш интервенирале полициски службеници од Полициската станица Карпош и екипа на Итната медицинска помош, при што била констатирана смрт кај жената и детето. 

СВР Скопје извршило увид, а телата се предадени на обдукција. Од местото на настанот биле подигнати материјални траги и мобилен телефон.

Тошковски истакна дека истиот ден претходно била пријавена расправија меѓу сопружниците, при што полицијата интервенирала и разговарала со жената. Таа изјавила дека немало физички контакт и дека се работело за недоразбирање, потпишувајќи службена белешка. По ова, жената се упатила кон станот каде подоцна се случил трагичниот исход.

По усна наредба, сопругот, Стојанче Јовановски, бил уапсен поради сомневање за сторено кривично дело. Според министерот, во изминатите две години против него биле поднесени десет кривични пријави за имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога. При една од постапките биле пронајдени 20 паковки со наркотична супстанција, по што бил уапсен и против него биле изречени мерки на претпазливост.

Во 2025 и 2026 година полицијата постапувала и по други пријави за нарушени брачни односи, но оштетената се повлекувала од поднесените пријави.

Министерот нагласи дека сите околности се детално документираат. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons