Спорт

Без натпревари во вечерен термин од следната сезона во Серија А 

Во текот на сезоната 2025/26, веќе нема да биде дозволено натпреварите од висок ризик да започнат во вечерните часови, како што се случи со натпреварот помеѓу Лацио и Рома“, се вели во дописот на Министерството за внатрешни работи до Италијанската фудбалска федерација.

Натпреварите од висок ризик во италијанското првенство следната сезона веќе нема да се играат во вечерните часови, одлучи денеска италијанското Министерство за внатрешни работи како одговор на насилството што му претходеше на неделното дерби во Рим.

„Во текот на сезоната 2025/26, веќе нема да биде дозволено натпреварите од висок ризик да започнат во вечерните часови, како што се случи со натпреварот помеѓу Лацио и Рома“, се вели во дописот на Министерството за внатрешни работи до Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

Според италијанските медиуми, Министерството за внатрешни работи, исто така, им забранило на навивачите на Лацио и Рома да присуствуваат да присуствуваат на гостинските натпревари на следните три дуели.

Овие најави уследија по жестоките судири меѓу „ултрасите“ на римските клубови и полицијата во пресрет на римското дерби кое заврши нерешено (1-1).

Пред почетокот на натпреварот во 20 часот и 45 минути, околу 500 ултраси на Лацио и Рома се обидоа да ги пробијат полициските бариери поставени околу Олимпискиот стадион за да спречат судири меѓу навивачите на двата тима.

Полицијата го одби налетот на хулиганите, од кои некои беа вооружени со железни шипки и чекани, користејќи водени топови.

Во судирите се повредени 24 лица, а полицијата уапси тројца навивачи на Лацио и тројца навивачи на Рома.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons