АРСОВСКА СО МЕСЕЦИ ГО БАРАЛА ЌОСЕТО Граѓаните да не се грижат, го најдовме во добра состојба е
Ќе ги прашаме граѓаните, што се однесува до мене како градоначалник затоа што многу често беше поставувано ова прашање, не само во кампањата туку многу често и самите граѓани знаат да напишат, и да прашаат и ме интересираше каде е – вели Арсовска.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во интервју за Инфомакспосочи дека долго време го барале споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет од пред Врховниот суд.
– Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните, што се однесува до мене како градоначалник затоа што многу често беше поставувано ова прашање, не само во кампањата туку многу често и самите граѓани знаат да напишат, и да прашаат и ме интересираше каде е – вели Арсовска.
Таа додава дека два месеци се обидувале да откријат каде е ставен, дури и кружеле гласини дека можеби е стопен.
– Да не се грижат, пронајден е споменикот. Во добра состојба е, а за негово поставување ќе ги прашаме граѓаните – додаде Арсовска.