Ангеловски со победа над Јаневски дебитираше во Кипар
Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски имаше успешно деби на клупата на Етникос Ахна откако со 1-0 ја победи екипата на Красава на која тренер е Чедомир Јаневски.
Судбината сакаше двајцата македонски тренери да имаат двобој на дебито на Ангеловски. Тоа беше дуел на двајца македонски поранешни селектори.
Битката ја доби Ангеловски со 1-0.
Голот за победа го постигна Ломотеј во 77. минута по што Красава остана со фудбалер помалку откако во 86. минута беше исклучен Де Лукас. Во судиското продолжение Етникос имаше шанса да дојде и до поубедлива победа, но Андереген промаши пенал.
По шест кола Етникос е на петтата позиција на табелата со 11 бода, додека Красава е осмопласирана со седум. Јаневски е тренер на Красава од почетокот на оваа сезона, а Ангеловски беше промовиран во Етникос пред четири дена.