Алкараз лесно до третото коло на Вимблдон
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со убедливи 3-0 го победи Британецот Оливер Тарвет и го продолжи патот на Вимблдон.
Карлос Алкараз во првото коло добро се испоти кога играше пет сета со Фабио Фоњини, но денеска беше експресен против Тарвет.
Првиот сет го доби со 6-1, во вториот и третиот беше подобар со идентични 6-4 и 6-4.
Во следното коло Алкараз ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Оже Алиасим и Штруф.