Алексовска ја победи шампионката од Африка и го развеа македонското знаме – испиша историја!
Таа е амбасадорка на македонскиот боречки дух, а за Црна Гора ова беше историски момент.
Македонката Даниела Алексовска имаше одлична борба во рамките на ММА натпреварот организиран од МФЦ во Црна Гора.
Таа успеа да ја победи шампионката на Африка, а според многумина ова беше најинтересната ММА борба на МФЦ во последните години.
„Пишуваме историја, ова беа зборови на коментаторите на преносот кој одеше во живо“, напиша Ивица Алексовски, нејзиниот тренер.
Фејсбук/ Ивица Алексовски
Потсетуваме, во 2024 година, Даниела го освои првото место на престижното АДЦЦ Европско првенство – и ова беше моментот кој ја постави на врвот на светот на граплингот. Таа е активен натпреварувач и на АЈП каде што нејзините виски пласмани и освоени поени го зацврстуваат нејзиното меѓународно признание, но како што во една пригода објави нејзиниот тренер, амбициите на Даниела не застануваат тука, туку активно учествува и во ММА борбите каде што се рангира меѓу најдобрите во Европа, и посебно на Балканот, носејќи ги боите на Македонија во секоја своја борба.