Ако се согласувате со овие две реченици, ТОЈ е вашата сродна душа!
Вашата врска влегува во сериозна фаза кога ќе почнете да се прашувате дали вашиот партнер е всушност вашата сродна душа.
Тешко е да се даде одговор на ова прашање, но доколку одговорите потврдно на следните две реченици, веројатно сте го нашле вистинскиот.Од почеток ви оди со леснотија
Доколку од моментот кога сте се запознале веднаш сте почувствувале поврзаност и како со него сè да ви одело едноставно, тогаш сте на добар пат. Личноста која е како создадена за вас сигурно нема да ве тера да се менувате или да правите нешто што не сакате.
Компатибилноста мора да се почувствува веднаш и врската мора да ви пружи чувство на уживање и засолниште, а не нервози и грижи.
Вистински ве прави среќна
Доколку се чувствувате празно и тажно со партнерот, тогаш нешто не е како што треба. Вашата сродна душа би требало да внесе максимална количина на среќа и радост во вашиот живот, а не негативност и сивило.
Доколку ве растажува или ве разочарува секојдневно, бегајте уште истиот момент. Не за џабе се вели дека сродната душа е вашата друга половина, што значи дека треба да ве исполнува.