ШТО АКО ТУРКИЈЕ ЈА „РАЗОРУЖА“ ГРЦИЈА? Ердоган го сака целиот грчки архипелаг!
Вкупно, Туркије има 1.062 спроти 644 летала на Грција. Турската војска е три пати побројна од грчката. Во повеќето од воената опрема земјата ја надминува Грција. Ердоган цели на 23 острови во Егејот, но битката е истовремено за дупчење на нафта на спорните места. Додека Мицотакис чека на ремонт на 85 Ф-16ки, Ердоган може да отвори хибридна војна со мигранти и да продолжи со контролирани провокации.
Втората по големина армија во НАТО, Туркије, која има сопствена фабрика за авиони Ф-16 ги прекинува сите контакти со својот сосед Грција, која уште чека обнова на своите 85 Ф-16ки, а според аналитичарите ситуацијата може да прерасне во војна. Не налик на претходните конфликти за островот Кипар или Додеканезите. Овојпат, претседателот Ердоган сака над 23 острови во Егејското Море, речиси целиот архипелаг, јавува ГласотНаАмерика. Да, токму островите каде странците од ЕУ летуваат.
За почеток Анкара испрати истражувачки брод и го оспори суверенитетот на островите. Ердоган е новиот Путин, а Мицотакис новиот Зеленски, се шегуваат медиумите. Реториката на Ердоган со неговата изјава за „демилитаризација на островите“ наликува на онаа на Путин во Украина. Тој ќе добие и нови Ф-35ки од американскиот Конгрес, под изговор ќе ги употреби во своите операции кај Курдите во северна Сирија.
Турците се три пати побројни, имаат 1,5 пати повеќе авиони
Вкупно, Туркије има 1.062 спроти 644 летала на Грција. Турската војска е три пати побројна од грчката. Во повеќето од воената опрема земјата ја надминува Грција, што го покажува следното споредбено видео:
Нова војна со мигранти, ас во ракавот на Ердоган
Грчката војска во Источното Егејско море е на готовс, јавува ГласотНаАмерика. Според високи извори од грчкото Министерство за одбрана земјата би можела да се соочи со хибридни закани. Туркије би можела да игра со нов наплив на бегалци, токму на грчките острови кои таа сака да ги види демилитаризирани. Друга опција би биле „неочекувани“ шумски пожари во овие места.
Пензионираниот генерал Леонидас Цумис рече дека двете земји ќе изгубат од воена конфронтација, но тој предупреди дека турските дејствија може да доведат до погрешна пресметка. Таа перспектива, рече тој, бара зголемена будност од страна на вооружените сили на Грција.
Борба за нафта и за вооружување од НАТО
Грција и Туркије со децении се во жестока трка во вооружување од НАТО. Истовремено, се натпреваруваат за правата за дупчење нафта и гас во спорните делови на Егејот.Можеби ќе ве интересира
Цумис вели дека Грција се соочува со класична турска игра на контролирана ескалација, една од повторените провокации што може да предизвика доволно сериозен инцидент што на крајот ќе ја принуди Грција да преговара за прашања како спорот со Егејското море и територијалните права за кои Грција одбива да разговара затоа што не сака да отстапи ни педа.
Нема да го психоанализирам Ердоган
Во изјавите во вторникот на прес-конференцијата, грчкиот премиер Мицотакис рече дека не е заинтересиран за психоанализирање на однесувањето на Туркије, ниту дека ќе се вклучи во, како што рече, „оваа игра на воинствени забелешки“. Но, Мицотакис им рече на новинарите дека нема и не треба да се толерираат провокации, особено од земја која вели дека сака да се приклучи на Европската Унија.
Мицотакис рече дека ќе ги натера своите колеги од ЕУ да одржат силен протест против Туркије кога ќе се сретнат на самитот кон крајот на јуни.
40 години без војна, а сега…ни педа!
Земјите кои имаат отворен спор веќе 40 години, иако освен редовните меѓусебни кршења на воздушниот простор како една домашнополитичка провокација, никогаш не влегле во војна. Неколку дена претходно, Ердоган своите предупредувања ги напиша на грчки, за од СИРИЗА да му одговорат на турски.
„Уште еднаш ја предупредуваме Грција да се вразуми, да се држи настрана од соништа, реторики и постапки кои ќе ја доведат до резултати за кои ќе се кае, како што се случи пред еден век“, порача турскиот лидер.
Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу изјави дека земјата е „крајно сериозна“ во своите предупредувања Грција да не ги надмине дозволените сили на групата острови Додеканези близу турскиот брег, јавува Блумберг. Така било договорено меѓу двете земји во 1947 година.
Меѓу нив се Родос и Кос кои Грција ги доби на подарок од Италија по војната.