Актуелно

Сивата економија годишно ни јаде 2,5 милијарди евра 

Во 2020 година 2,5 милијарди евра биле создадени во неформалната економија и наместо во вкупниот БДП, завршиле по џебови на поединци. Според анализата на институтот за економски истражувања Finance Think сивата економија краде 23,5 проценти од вкупниот бруто домашен производ во земјава. Високиот процент со корупцијата, даночниот морал и ниската ефикасност на институциите придонесува зголемување на нелегалната економија.

„…Причините се високата корупција, политичката нестабилност и третиот фактор е како државата ги троши народните пари. Поради нискиот даночен морал нема толеранција во самите граѓаните да пријават неформализација“, рече Бојан Србиноски- Finance Think.

Од институтот велат дека на хартија има стратегии за сузбивање на работата на црно и неплаќањето на даноците, но нивната имплементација е погрешно насочена.

„Ние имаме национална стратегија за сузбивање на сивата економија имаме и оперативен план, но имплементацијата значајно уназадува. Многу малку имаме пристапи каде што ние работиме од доле, односно тие што се најзасегнати да се работи со нив. Тоа се инспекторатите, мора да се работи со нив…“, рече Благица Петрески- Finance Think.

За 14 години процентот на сива економија е намален за осум проценти велат од институтот. Ова се должи во најголем дел поради воведувањето и зголемувањето на минималната плата и воведувањето на рамниот данок во 2008 година. За да може сивата економија уште повеќе да се намалува, потребни се даночни реформи и зголемување на минималната плата да биде паралелно со растот на продуктивноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons