Дали и колку ќе поскапи струјата? 

Нова цена струјата ќе има, но дали и за колку ќе поскапи од јули се ќе зависи од тоа колку ќе може да произведат државните електрани, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Се чека на ЕВН колкави побарувања ќе има и колку количини ќе може да покрие ЕСМ. Дали минималните 60% или повеќе. Она што единствено е познато, е дека до крајот на годината ДДВ – то на сметките за струја кое го плаќаат граѓаните ќе остане 5 отсто.

За енергетските компании ќе има нова владина помош, но колкава сума ќе се одвои ќе се знае по ребалансот на буџетот кој Битиќи очекува да финишира за 10тина дена… За пополнување на дупката во буџетот Владата веќе најави дека ќе се задолжува на меѓународните пазари, но за колку се чека одговор од ММФ кои минатата недела ја скенираа економијата во земјава. Битиќи најави дека освен заемот од ММФ, сепак ќе се издава и Еврообврзница. 

Како заштита од ценовен шок за граѓаните во подготовка е и нов тарифник, кој треба да стартува следниот месецв. Со него се предвидува оние кои трошат големи количини на струја да плаќаат повисока цена. Цената на струјата последно се зголеми во декември лани за 9,48%.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons