Пијан возел во спротивна насока, па се јавил во полиција да пријави дека другите го прават тоа
Понекогаш е тешко да се разликува реалноста од сатирата, а тоа го потврдува неодамнешниот случај во Небраска кога прилично пијан возач повикал полиција за да пријави дека „некој“ вози во спротивна насока. Но, тој „некој“ бил самиот тој.
Веројатно ја знаете старата шега: Пијан возач вози во спротивна насока по автопат и слуша радио.
– Внимавајте, има возач што вози во спротивна насока на автопатот XY – рекол глас преку радио. – Како не еден, сите! – искоментирал пијаниот возач.
Приказната од оваа шега се случила неоадамна во округот Ланкастер, во американската сојузна држава Небраска. Локалниот шериф објавил полициски видео и аудиоснимки од возење во спротивна насока на автопат. Возачот во значително алкохолизирана состојба влегол на спротивната лента и бил изненаден од возилата што доаѓале кон него. Се јавил во полиција и веднаш пријавил.
– Имаше пуштено долги светла, за малку ќе ме истуркаше од патот – му рекол на операторот.
По кратко време полицијата реагирала и го запрела виновникот – кој потоа самиот сфатил дека возел во погрешна насока.
– Да, јас бев глупавата будала – признал тој.
За среќа, немаше несреќа пред пијаниот возач да биде исклучен од сообраќај и испратен да се отрезни.
Извор: Autonet.hr
Фото: Screenshot/YouTube