МАКЕДОНИЈА ПОБАРАЛА АРАНЖМАН ОД ММФ: Се бара Заем за претпазливост и ликвидност
Македонија побарала од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) двегодишна линија – Заем за претпазливост и ликвидност таканаречен ПЛЛ. Оваа кредитна линија е достапна за земјите-членки на Фондот кои имаат здрави економски основи, добра политичка рамка и политика, а линијата може да помогне во заштитата на економиите од надворешни шокови преку однапред обезбеден пристап до ресурсите на ММФ. Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд се состанал на 15 април и неформално дискутирале за барањето на македонските власти.
Како што дознаваме тим од ММФ сега ќе ја посети Македонија за да се консултира со властите за нивното барање.
„Поради здравите економски основи и рамки на политиките на Северна Македонија, како и нејзиното досие за здрави политики и во очекување на договор на ниво на персонал со властите за политиките, директорката на ММФ Кристалина Георгиева има намера да му препорача на Извршниот одбор на ММФ одобрување на аранжманот PLL. Извршниот одбор на ММФ се очекува да се состане во следните месеци и официјално да го разгледа барањето. ММФ е подготвен да продолжи да ја поддржува Северна Македонија во овие исклучителни времиња, велат од ММФ.
ПЛЛ обезбедува финансирање за задоволување на реалните или потенцијалните потреби на платниот биланс на земјите со здрави политики и кои може да имаат некои ранливости. Наменет е да послужи како заштитна помош или да помогне во решавањето на кризите во широки ситуации. ПЛЛ аранжманите може да имаат времетраење од шест месеци или од една до две години.
Инаку од тоа колку трае аранжманот зависи и висината на сумата на аранжмано, а се пресметува како процент од квотата
Моментно во Вашингтон на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, кои се одржуваат оваа недела учествува и делегација од Македонија предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.
Македонија користеше двегодишен PLL аранжман – Заем за претпазливост и ликвидност во вредност од околу 473,9 милиони евра или 600 отсто од квотата која и следува на земјава во 2011 година