Казнети 24 возачи кои не носеле заштитна маска 

Вчера во периодот од 16.00 до 20.00 часот полициски службеници на СВР Тетово казниле 24 возачи кои не носеле заштитна маска, објави МВР.

Во акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз, претежно автобуси, биле санкционирани 24 лица (ТЕ-15 и ГВ-9), кои во возилата не носеле заштита на лицето и постапиле спротивно на Законот за заштита на населението од заразни болести, пишува во билтенот.

На сите им се изготвени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons