МакедонијаНајново

Еврејската заедница ќе го проверува потеклото на куќата на клубот „Иван Михајлов“

Еврејската заедница на Македонија започна со процедурата пред надлежната институција за да провери дали куќата во која сега е сместен бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, некогаш била во сопственост на депортирано еврејско семејство.

Од Еврејската заедница на Македонија потврдуваат дека е започната процедура во Катастарот во Битола, за историја на движење на имотот на посочената куќа. Од катастарот им било соопштено дека процедурата ќе трае 7 дена.

– Не би можел да потврдам дали посочениот објект во минатото бил во сопственост на македонски Евреи. Ние започнавме процедура и очекуваме одговор од надлежната институција. Точно е дека отспротива на куќата, се наоѓа објект што е во сопственост на Еврејската заедница на Македонија. Засега немаме конкретна информација, но верувајте дека ќе се потрудиме да ја добиеме – изјави за Плусинфо, Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница во Македонија.

„Nicht um jeden Preis in die EU“ или преведено на македонски јазик „Не по секоја цена во ЕУ“ е насловена репортажата што ја објави германскиот национален ТВ сервис ZDF на германската новинарка Брита Хилперт, која меѓу другото открива дека бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ е сместен во куќа на еврејско семејство кое во текот на Втората светска војна било депортирано.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons