АГЕЛЕР: Немам сознанија дека има руско влијание во изборниот процес
Немам сознанија дека има руско влијание во изборниот процес, но уверена сум дека е тука, вели американската амбасадорка Анџела Агелер.
Агелер нема сознанија за некое експлицитно и конкретно руско влијание во изборниот процес, но е убедена дека генерално е присутно во регионот. Најважно за граѓаните вели е добро да се едуцираат за кандидатите во изборниот процес. Според неа, тоа е најмоќната алатка што ја имаат граѓаните.