ФЕДЕРАЦИЈАТА Е ЗАДОВОЛНА ОД СЕЛЕКТОРОТ Моријасу ќе ја предводи Јапонија најмалку до 2024 година
Јапонското фудбалско раководство е задоволно од настапите на репрезентацијата на Мундијалот во Катар на кое беа елиминирани на пенали од Хрватска во вчерашниот осминафинален дуел.
Поразот на Јапонија од Хрватска во осминафиналето на Светското првенство во Катар нема да влијае врз судбината на Хајиме Моријасу на селекторската клупа и тој ќе продолжи да ја предводи јапонската репрезентација, јавија денеска локалните медиуми.
Според истите извори, 54-годишниот Моријасу ќе ја продолжи соработката со Фудбалската федерација на Јапонија најмалку до 2024 година.
Јапонското фудбалско раководство е задоволно од настапите на репрезентацијата на Мундијалот во Катар на кое беа елиминирани на пенали од Хрватска во вчерашниот осминафинален дуел.
Моријасу е на чело на јапонската репрезентација од 2018, а следната година беше азиски вицешампион.